Охрид денеска ќе го одигра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп на ЕХФ, гостувајќи кај унгарскиот состав Татабања во меч што може да испише историја за клубот.
Охриѓани обезбедија место во големото финале по драматичната полуфинална пресметка со Целје, каде што славеа по пенал-рулетот. „Гладијаторите“ зад себе имаат импресивен европски поход, со девет победи и само еден пораз на патот до борбата за трофејот.
На спротивната страна ќе биде Татабања, тим кој во досегашниот дел од натпреварувањето забележа седум победи, едно реми и два порази, а во полуфиналето беше подобар од Извиѓач.

Leave a Reply