Големо засилување за Вардар: Пристигнува фудбалер кој некогаш вредеше три милиони евра!

Вардар активно работи на формирање на составот за новата сезона, а од таборот на „црвено-црните“ денеска го потврдија и првото засилување во летниот преоден рок.

Нов фудбалер на Вардар е Жерсон Родригез, играч кој во еден период од кариерата беше проценет на околу три милиони евра.

Во текот на кариерата Родригез настапуваше за екипи од Украина, Турција и Словачка, а покрај настапите на теренот често знаеше да привлече внимание и со контроверзии надвор од фудбалот.

Неговиот последен ангажман беше во Тајланд, а во Вардар пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со претходниот клуб.

Родригез долго време беше и стандарден репрезентативец на Луксембург, за чијата национална селекција одигра 72 натпревари и постигна 23 голови.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *