Реакцијата на Шкендија е уште поголем проблем и од однесувањето на теренот!

Финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Силекс повторно покажа колку лесно спортскиот настан може да се претвори во сцена на недолично однесување и лош имиџ.

Свирежите на македонската химна за време на свечената церемонија претставуваат директно непочитување на државните симболи и на целиот спортски настан. Без разлика на емоции или разочарување, вакво однесување не може да се оправдува со навивачка страст, тоа е елементарен недостаток на спортска и граѓанска култура и фрла сенка врз целиот клуб.

Кога во прашање се медалите кои тетовскиот клуб одби да ги прими.

Соопштението дека „играчите не го слушнале повикот“ звучи несериозно, кога на трибините и немаше преголем број гледачи кои би создале толкава бучава. Во ера на видеа, снимки вакво објаснување делува како обид за минимизирање и релативизирање на нешто што е јасно видливо и документирано.

View this post on Instagram

A post shared by Sportmania (@sportmania_ig)

Фудбалски клуб со амбиции и голема база на поддржувачи има обврска да поставува стандарди, а не да се крие зад слаби објаснувања кога јавноста веќе видела што се случило. Финалињата се тест на зрелос, не само на теренот, туку и надвор од него, а во овој случај впечатокот е дека тој тест не е положен.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *