Изненадувачки потег на фудбалерите на Шкендија по финалето од Купот на Македонија. По поразот од Силекс со 1-0, тетовскиот тим одби да ги прими медалите за освоеното второ место.
Играчите најпрво се упатија кон трибината за да им се заблагодарат на своите навивачи за поддршката, но кога организаторот ги повика на пиедесталот за доделување на медалите, тие не се појавија.
По нивното непојавување, фудбалерите на Силекс се искачија на победничкиот пиедестал и го кренаа трофејот, додека играчите на Шкендија се повлекоа во соблекувалната.

Leave a Reply