Oтворена е постапка против Вардар за вулгарната песна на прославата!

Бурни реакции во јавноста предизвика прославата на фудбалерите на Вардар по освоената шампионска титула, откако на славјето беше испеана недолична и вулгарна песна. Поради ваквиот потег, клубот ќе се соочи со санкции.

Од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека Дисциплинската комисија веќе отворила постапка против Вардар, по што дополнително ќе биде донесена одлука за евентуалната казна.

„Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот“, соопштија од ФФМ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *