Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скратениот список за бараж натпреварите против Словачка, преку кои „црвено-жолтите“ ќе бркаат пласман на Светското првенство 2027.
На финалната листа се најдоа 20 ракометари, а дополнително ќе бидат избрани 16 играчи кои ќе настапат на двата клучни дуели. На списокот нема поголеми изненадувања, но во составот не се најдоа Филип Талевски и Жарко Пешевски, иако претходно беа дел од поширокиот список. Отсутен е и Мартин Серафимов, кој не беше меѓу првично пријавените 35 ракометари.
Македонската репрезентација преку двомечот со Словачка ќе се обиде да обезбеди осми последователен настап на светските шампионати, односно вкупно десетти во историјата.
Собирот на националниот тим е закажан за 10 мај со почеток од 13:30 часот.
Првиот натпревар ќе се одигра на 14 мај во салата Татран Арена во Прешов со почеток од 19:00 часот, додека реваншот е закажан за 17 мај во арената Борис Трајковски во истиот термин.


Leave a Reply