На Башкими – Вардар пак падна навивач од трибина! (Видео)

by

in

Натпреварот меѓу Башкими и Вардар, кој се одигра во Гостивар, беше обележан со непријатна сцена, налик на онаа од нивниот претходен меѓусебен дуел сезонава во Куманово.

Според информациите, по околу дваесетина минути игра, од трибината паднал навивач на домашниот тим, кој поради суспензијата на теренот во Куманово овој меч го играше во Гостивар.

Трибините на стадионот се со значителна висина, што дополнително ја прави ситуацијата загрижувачка, а засега нема официјални информации за здравствената состојба на навивачот. Се очекува повеќе детали во текот на денот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *