Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го соопшти проширениот список на играчи за претстојниот бараж двомеч со Словачка, кој ќе решава за пласман на Светското првенство во 2027 година.
На листата се најдоа вкупно 35 ракометари, меѓу кои и тројца интернационалци. Од странските првенства повик добија голманот Мартин Томовски, кој настапува во Германија, како и бековите Филип Талески од Унгарија и Мартин Карапалевски од Шпанија.
Македонија ќе ги одмери силите со Словачка во мај – првиот натпревар ќе се игра на гостински терен на 13 мај, додека реваншот е закажан за 17 мај во Скопје.


Leave a Reply