Димитриевски блесна со спектакуларна одбрана во 90. минута! (Видео)

Фудбалерите на Валенсија направија огромен чекор кон обезбедување опстанок во Ла Лига, откако пред своите навивачи славеа победа од 2-1 против Жирона. Во центарот на вниманието беше македонскиот голман Столе Димитриевски, кој во клучните моменти покажа класа и ја зачува предноста на својот тим.

Во самиот финиш од натпреварот, при резултат 2-1, Димитриевски блесна со извонредна одбрана, спречувајќи го Стуани од непосредна близина да донесе израмнување за гостите.

Претходно, Валенсија ја изгради предноста со головите на Рамазани и Садик, кои донесоа сигурно водство од 2-0. Сепак, Рока во 63. минута ја врати неизвесноста, намалувајќи на 2-1 и внесувајќи драма до самиот крај.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *