Не само во Англија, туку и во Италија интензивно се зборува за иднината на играчот од средината на теренот на Њукасл, Сандро Тонали.
По појавата на гласина за трансфер на италијанскиот репрезентативец во Манчестер Сити сега медиумите тврдат дека Тонали сака да се врати во Италија.
Негов приоритет е повторно да го облече дресот на Милан и да се врати на Сан Сиро.
„Росонерите“ сакаат да ја поправат грешката и веќе стапиле во контакт со неговиот агент, но овој пат ќе треба да ја победат конкуренцијата.

Leave a Reply