Договорот е веќе потпишан, Вардар добива големо засилување од Фрација!

Покрај објавеното партнерство со новиот спонзор, на денешната прес-конференција претседателот Михајловски откри и ново засилување од Франција – Матео Фадуил.

Станува збор за 23-годишен ракометар кој настапува за Трембли и зад себе има одлична сезона во која се истакна како прв стрелец на тимот со 162 постигнати погодоци. Во својата кариера Фадуил бил дел и од редовите на Нант, а минал и низ младинските категории на француската репрезентација.

Со неговиот ангажман, Вардар го комплетира тимот за наредната сезона, а Фадуил ќе биде последното засилување во ростерот.

„Утрово го финализиравме договорот со Матео Фадуил, со што го затвораме списокот со четири нови имиња за следната сезона“, изјави Михајловски.

Интересно е што Вардар успеа да го реализира трансферот и покрај тоа што ракометарот имаше важечки договор со Трембли до 2027 година.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *