Реал Мадрид бара нов тренер: Перез откри што бара од наследникот на Арбелоа

Шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе ја започна потрагата по нов долгорочен тренер, иако во моментов тимот го предводи Алваро Арбелоа. Според шпанските медиуми, раководството на клубот паралелно работи на стратегија за иднината, со јасно дефинирани критериуми за избор на нов шеф на стручниот штаб.

Информациите кои ги објави „Ел Чирингито“ откриваат дека во Мадрид бараат тренер со докажан победнички менталитет. „Кралевите“ сакаат стратег кој веќе има освоено значајни трофеи и знае како да се справи со притисокот што го носи водењето на еден од најголемите клубови во светот.

Покрај тоа, искуството е клучен фактор. Во клубот сметаат дека новиот тренер мора да има долгогодишна работа на највисоко ниво, како и способност да носи одлуки во најважните моменти од сезоната. Дополнително, посебен акцент се става на авторитетот во соблекувалната – личност која ќе може да ја задржи дисциплината и да ја има целосната почит од фудбалерите.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *