Виктор Петков го освои 57-то место на првата трка во велеслалом (Видео)

by

in

Maкедонскиот натпреварувач во велеслалом Виктор Петков утрово го имаше својот прв настап на Олимписките игри во Кортина.

Петков кој во последен момент дојде до место во олимпискиот тим откако поради допинг отпадна Мирко Лазаревски го освои 57. место со заостанување од 13.44 секунди зад најдобриот, одличниот Бразилец Пинхеиро Братен кој патеката ја мина за време од 01:13:92 секунди.

Со оглед на тоа дека ја заврши трката Петков доби можност и за настап на втората трка која исто така е денеска со почеток од 13:00 часот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *