Волкановски продолжува да доминира, победи и со Лопез! (Видео)

by

in

Александар Волкановски продолжува да ги поместува границите во перолесната категорија на УФЦ и повторно испрати јасна порака дека тронот и понатаму му припаѓа нему. Борецот од Австралија со македонско потекло дојде до нова голема победа, осма во мечеви за шампионскиот појас, овојпат против опасниот Диего Лопез на настанот УФЦ 325 во Сиднеј.

Во борба во која доминираше со искуство, дисциплина и прецизна тактика, Волкановски без поголеми проблеми го контролираше ритамот и на крајот заслужено славеше со едногласна одлука на судиите. Како и во нивниот прв меѓусебен дуел, исходот беше идентичен – победа за актуелниот шампион по судиска одлука.

Со новиот триумф, 37-годишниот Волкановски дополнително го збогати своето име во историјата на УФЦ, станувајќи најстариот носител на појасот во перолесната категорија и уште еднаш потврдувајќи дека и покрај годините, останува неприкосновен на врвот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *