Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во мешани боречки вештини (ММА) кое ќе се одржи во Тбилиси од 27 септември до 2 октомври. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52,2 килограми, каде што во моментов зазема високо третото место на светската ранг-листа.
Даниела своето место меѓу најдобрите го заслужи со освоениот златен медал на Европското првенство оваа година, а сега ќе се обиде да направи нов исчекор во кариерата и да стигне до светска титула. Во групната фаза на шампионатот, таа ќе се соочи со натпреварувачки од Украина, Казахстан, Мексико и Азербејџан, што претставува голем предизвик за македонската борецка надеж.
За Алексовска ова ќе биде втор настап на Светски ММА шампионат, откако лани во Узбекистан освои бронзен медал, потврдувајќи ја својата конзистентност на меѓународната сцена.
Leave a Reply