Уште еден успех за Миљана Рељиќ: Освои бронза во Полска!

by

in

Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ ја збогати својата колекција со уште еден медал, бронза од силниот Г-1 турнир во Варшава, со што освои дополнителни 3,60 бодови во трката за олимписка норма за Лос Анџелес 2028.

Рељиќ влезе одлично во натпреварувањето и уште на стартот ја совлада Австријката Аида Митровиќ со сигурни 2-0 во рунди. Во четвртфиналето ја очекуваше многу понапорен меч со Хрватката Хелена Кичева, во кој Македонката со голема борбеност стигна до победа со 2-1 во рунди, решавачка беше третата со тесни 7-6.

Полуфиналниот меч не ѝ донесе исто изненадување – Чехинката Петра Столбова беше поконцентрирана и со 2-0 во рунди ја запре нашата репрезентативка, која сепак може да биде задоволна со бронзениот медал.

Наредни станици за најдобрата македонска таеквондистка се турнирите во Албанија и Црна Гора, а големата цел сезонава ќе биде Светското првенство во Кина, кое ќе се одржи од 24 до 30 октомври.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *