Неверојатниот Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд!

by

in

Арманд „Мондо“ Дуплантис повторно постави светскиот рекорд во скок со стап на планетарното првенство во Токио.

Најголемата ѕвезда на светската атлетика прелета 6,30 метри во својот трет обид и за еден сантиметар го надмина својот личен и планетарен рекорд поставен во Будимпешта пред нешто повеќе од еден месец

Претходниот рекорд, поставен на 12 август на „златниот митинг“ во Будимпешта, го подобри за еден сантиметар.

Дуплантис веќе може да се пофали со три светски титули и едно сребро, две олимписки и три европски злата, со што од натпреварување во натпреварување само ја потврдуваа својата доминација во оваа наатпреварување. Во Токио, второто место му припадна на Гркот Емануел Каралис (6.00), додека трет заврши Австралиецот Куртис Маршал (5.95).


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *