Шкендија го претстави дресот со кој ќе дебитира во Европа – речиси идентичен со на Милан! (Фото)

—

by

in

Актуелниот македонски првак, Шкендија од Тетово, ја претстави новата опрема за оваа сезона, која премиерно ќе ја носи во настапите во Конференциската лига на УЕФА. Тимот и овојпат остана верен на својата препознатлива комбинација со црвено-црни ленти, но новиот дрес предизвика големо внимание во јавноста.

Причината е очигледната сличност со дизајнот на Милан – клубот што традиционално е врзан за истите бои. Особено впечатлив е задниот дел од дресот, кој речиси целосно се поклопува со оној на „росонерите“, а единствената разлика е отсуството на белите линии околу јаката.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *