Отворена дисциплинска постапка против Пелистер!

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека е отворена постапка против Пелистер за вчерашниот натпревар против Шкупи.

Дициплинската постапка е отворена поради како што велат од ФФМ, навредливото скандирање на навивачите.

„По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија.

Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ“, објавија од федерацијата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *