Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев успеа да се запише во историјата на нашиот спорт со голем подвиг – препливување на каналот Ламанш.
Со тоа тој стана само петтиот Македонец кој ја совладал оваа релација, за што му беа потребни 9 часа и 43 минути.
Овој историски успех досега им успеал само на Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.
Поп Ацев веќе еднаш во 2023 година се обиде да го совлада каналот, но тогаш остана без посакуваниот резултат.
Leave a Reply