Тежок инцидент ја одбележа денешната младинска фудбалска средба во Штип, на натпревар од генерациите 2009/10. Според локалните медиуми, родители на играчи од Шкупи упаднале на теренот и физички нападнале дел од младите фудбалери на Брегалница.
Сведоци велат дека немало никаква провокација, а нападот завршил со сериозни последици. Две деца се со потешки повреди – едното со скршена нога, другото со удари во пределот на главата.
Инцидентот предизвикал и полициска интервенција. Дел од напаѓачите биле приведени и однесени во полициската станица, а во текот на денот се очекува официјално соопштение од МВР.
Leave a Reply