Поранешниот спортски директор на ФФМ осуден на четири години затворска казна!

by

in

Поранешниот репрезентативец и спортски директор на македонската фудбалска репрезентација Данчо Масев е осуден на четиригодишна затворска казна откако вчера заедно со уште тројца обвинети, членови на групата на Раде Трајковски – Штекли признаа вина.

Масев беше разрешен од ФФМ во октомври минатата година од страна на претходното раководство, но на почетокот од јануари оваа година повторно беше именуван за директор на А-репрезентацијата на Македонија.

Но, по објавувањето на скандалот кога претходно беше притворен од Фудбалската федерација на Македонија го разрешија од позицијата уште веднаш.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *