Шкупи потпиша со фудбалер од третата швајцарска лига

Фудбалскиот клуб Шкупи продолжува активно да го гради ростерот за новата сезона, овојпат со ангажман на младиот Ардит Дестани.

Како што информира клубот од Чаир, станува збор за 21-годишен офанзивец кој настапува на левото крило и пристигнува од редовите на швајцарскиот клуб Парадисо, кој се натпреварува во третата швајцарска лига.

И покрај тоа што Дестани доаѓа од пониски фудбалски кругови, раководството на Шкупи верува дека со неговиот младински потенцијал и развојна перспектива ќе донесе дополнителна свежина во тимот.

Фото: FC Shkupi


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *