На 71-годишна возраст почина легендата на борењето Хулк Хоган, објавија медиумите преку Океанот.
Хоган, роден Тери Џин Болеа, утрово беше пронајден мртов во својот дом во Клирвотер, Флорида.
Хоган ја започна својата професионална кариера во борење во 1977 година, но доби светско признание откако потпиша договор со Светската федерација за борење (WWE) во декември 1983 година.
Тој беше исто така еден од првите борачи што стигнаа до Холивуд, а неговото прво големо филмско појавување дојде во третиот дел од франшизата „Роки“ во 1982 година.
Leave a Reply