Норвешкиот олимпиец Аудун Гронволд загина од удар на гром

by

in

Поранешниот норвешки олимписки скијач Одун Гронволд почина во 49. година од животот откако го погоди гром, соопшти Скијачкиот сојуз на Норвешка.

На социјалните мрежи, неговата сопруга, Кристин Тандберг Хагсја, се прости од него со трогателна порака, како и сите љубители на зимските спортови во Норвешка и во целиот свет.

„Одун, моја голема љубов… најдобар пријателе во последните 20 години. Денес нè напушти. Она што започна како прекрасен летен одмор, заврши минатата сабота, кога те удри гром додека бевме во нашата колиба. Иако доби помош и беше однесен во болница, почина од повредите во вторник навечер“, напиша таа.

Гронволд бил на излет во планинска колиба кога го погодил гром. Го пренеле во болница, каде бил лекуван од повредите, но починал во вторникот, на 15. јули.

Одун освои бронзена медалја во ски крос на Зимските олимписки игри во Ванкувер 2010. година, а бронза освои и на Светското првенство 2005. во Финска. Исто така, се натпреварувал и во алпско скијање, каде што во 1999. година освои трето место во Светскиот куп во Шпанија.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *