Ранетиот лав е најопасен: Ѓоковиќ го елиминира Де Минор и обезбеди четвртфинале на Вимблдон

by

in

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните настапи на Вимблдон, откако денес извојува важна победа над Австралиецот Алекс Де Минор со 3:1 во сетови – 1:6, 6:4, 6:4, 6:4 – и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на престижниот гренслем турнир.

Иако натпреварот започна шокантно за српскиот ас, кој го загуби првиот сет со убедливи 1:6, Ѓоковиќ брзо се консолидира и презеде контрола на теренот. Во вториот сет, покажа зошто е еден од најдобрите во историјата на тенисот, успевајќи да израмни на 1:1 со резултат 6:4.

Темпото не опадна ни во следните сетови – Ѓоковиќ демонстрираше смиреност, искуство и прецизност, добивајќи ги третиот и четвртиот сет со идентични 6:4. Мечот траеше три часа и 20 минути, по што Де Минор мораше да се прости од турнирот, а Ѓоковиќ ја прослави својата нова победа на лондонската трева.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *