Историски момент за македонската атлетика: Андријана Поп Арсова се пласираше на Светското првенство во Токио!

by

in

Македонската атлетика испишува нови страници во својата историја – Адријана Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика што ќе се одржи во Токио во 2025 година, со што стана првата македонска атлетичарка што ќе настапи на три последователни светски шампионати – по учествата во Орегон 2022 и Будимпешта 2023.

Нашата најдобра маратонка успеа да го исполни потребниот критериум за настап на светската атлетска сцена, пласирајќи се меѓу 100-те најдобри маратонки во светот според рангирањето на Светската атлетика (World Athletics), што ѝ донесе директен пласман на шампионатот во Јапонија.

Светското првенство ќе се одржи од 13 до 21 септември наредната година во Токио, каде што светската елита ќе се натпреварува за титулата најдобар на планетата. Македонија ќе има двојна претставничка сила – покрај Поп Арсова, на маратонот ќе настапи и Дарио Ивановски.

Успехот на Поп Арсова е силна потврда за напредокот на македонската атлетика, но и мотив повеќе за сите млади спортисти – дека со посветеност и напорна работа може да се стигне до најголемите светски спортски арени.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *