Дополнителна мотивација за Даниела: Мекгрегор навива за противничката на Алексовска (Фото)

by

in

Овој петок, на 4 јули, во српскиот град Бачка Паланка ќе се одржи престижниот ММА спектакл ARMMADA 13, а особено внимание кај македонската јавност привлекува настапот на нашата европска шампионка во ММА, Даниела Алексовска. Таа ќе го има своето прво полупрофесионално појавување во кафезот, со што започнува ново поглавје во својата боречка кариера.

Противничка на Алексовска ќе биде исклучително искусната Ева Круз од Ирска, која зад себе има 13 борби во категоријата до 52,2 килограми. Мечот ветува вистински борбен спектакл, со оглед на искуството на Круз и мотивацијата на Алексовска да се докаже и на ова ниво.

„Горда сум што ќе ја претставувам Македонија на ова ниво. Не ме загрижува кој стои зад мојата противничка – јас знам кој стои зад мене,“ изјави Алексовска.

Мечот ќе биде пренесуван во живо на Arena Fight каналите, почнувајќи од 21:00 часот.

Фото: МКДММА