Реал Мадрид договори уште едно засилување за иднината – доаѓа по Светското клупско првенство

by

in

Франко Мастантуоно ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид по завршувањето на Клупското светско првенство – планот е јасен и договорот е речиси финализиран, пренесуваат шпанските спортски медиуми.

Младиот аргентински талент, кој игра за Ривер Плејт, веќе подолго време е на радарот на кралскиот клуб, а сега се чини дека трансферот е само прашање на време. Реал Мадрид сака да го доведе Мастантуоно веднаш по завршувањето на обврските на Светското клупско првенство.

Мастантуоно се смета за еден од најперспективните млади играчи во Јужна Америка, а Реал Мадрид продолжува со стратегијата на инвестирање во млади фудбалери со голем потенцијал.

Фото: Grok AI


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *