Бобан Илиоски ја одбрани светската титула во кикбокс

by

in

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски повторно блесна на светската сцена, откако синоќа во Женева ја одбрани титулата светски шампион, совладувајќи го Французинот Кадри Мурсели.

Со доминантна и технички прецизна борба, Илиоски уште еднаш ја потврди својата супериорност во категоријата до 88,6 килограми (К1) под капата на ВАКО-Про.

Победата му ја донесе втората последователна светска титула, со што уште подлабоко се врежа во историјата на македонскиот кикбокс.

Фото: Urko Dejan Mitrovski


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *