По пет возбудливи рунди исполнети со интензивна акција, Александар Волкановски извојува значајна победа над Диего Лопез и повторно го закачи шампионскиот појас околу својот струк.
Судиската одлука беше едногласна во корист на борецот со македонски корени: 48-47, 49-46, 49-46.
Откако Илија Тупурија реши да премине во повисока категорија, борбата за титулата во перо категоријата остана отворена. Волкановски ја доби шансата да се врати на тронот, а таа прилика не ја пропушти.
Во жестока пресметка со Диего Лопез, покажа зошто важи за еден од најдоминантните борци во својата класа.
LEFT HOOKS BOTH LAND EARLY👊@AlexVolkanovski | @DiegoLopesMMA | #UFC314 pic.twitter.com/z7LlV8qZLK
— UFC (@ufc) April 13, 2025
Фото: UFC/Instagram
Leave a Reply