Потег за почит на Шкупи: Во целост ќе ги исплати договорот на Андреј Лазаров!

Од редовите на Шкупи информираа дека дресот со бројот „77“ кој Андреј Лазаров го носеше во клубот ќе биде повлечен, но исто така и договорот во целост ќе биде исплатен на неговото семејство.

Лазаров беше една од жртвите во трагедијата во Кочани каде што го загуби животот додека помагаше на останатите присутни, а клубот од Чаир на овој начин сака да изрази посебна почит и балгодарност за неговиот придонес.

Претходно на ваков потег се одлучи и Тиквеш каде што во минатото настапуваше Лазаров кој го повлече дресот со број „16“.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *