Левиот бек на Интер, Федерико Димарко, има истегнување на десниот бутен мускул, па ќе мора да паузира во наредните три седмици.
Димарко се повреди во саботата на натпреварот против Наполи и го напушти теренот на почетокот на вториот дел.
27-годишниот фудбалер ќе биде надвор од терените околу три недели, што значи дека ќе се врати по репрезентативната пауза. Така, тој ќе ги пропушти двата натпревари со Феенорд во Лигата на шампионите, како и дуелите со Монца и Аталанта во Серија А.
Ова е голем проблем за Инзаги, бидејќи Димарко е еден од најдобрите поединци во тимот на Интер.

Leave a Reply