Шкендија се засили со фудбалер на Шкупи

Eкипата на Шкендија на социјалните мрежи потврди дека се засилува со крилото од редовите на Шкупи, Фарис Тамба.

Во прашање е 21-годишен фудбалер од Сенегал кој во Шкупи пристигна пред почетокот на минатата сезона

Тамба во досегашните 12 настапи од Првата македонска фудбалкса лига во дресот на чаирчани постигна три гола и запиша една асистенција.

Кариерата Тамба ја започна во Португалија каде што беше дел од младинските категории на Ковиља и Беира Мар. Во Шкупи пристигна од редовите на „Б“ тимот на Брага.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *