Tag: ФФМ
-

Омерагиќ се сретна со еден од најуспешните македонски тренери!
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари работна средба со реномираниот македонски фудбалски стручњак Влатко Андоновски. Андоновски со години успешно ја гради тренерската кариера во Соединетите Американски Држави, каде што во моментов е на клупата на Канзас Сити, а во минатото беше и селектор на женската фудбалска репрезентација на САД. Тој ја презеде…
-

ФФМ отвори постапка против Сејдини, ќе се испитува и тренерската лиценца на Ангеловски!
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за отворање дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на федерацијата против поранешниот претседател Муамед Сејдини. Како што информираат од ФФМ, постапката се покренува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, а е поврзана со авансната исплата…
-

Седлоски и официјално го соопшти комплетниот свој стручен штаб!
Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација. Дел…
-

Седлоски: Сакам да имам тим кој нема да се предава до последната минута!
Гоце Седлоски се соочува со најголемиот испит во својата тренерска кариера. Легендарниот поранешен капитен со 100 настапи во дресот на Македонија ја презема селекторската функција и седнува на една од најжешките клупи во македонскиот фудбал, како наследник на Благоја Милевски. Поранешниот репрезентативен стопер зад себе веќе има едно селекторско искуство, но во улога на в.д.…
-

Пандев: Добиваме селектор кој многу дал за македонскиот фудбал!
„Гоце Седлоски и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Поранешниот капитен на „рисовите“ повторно се враќа во националниот тим, но овојпат како предводник од клупата, со сериозен предизвик пред себе. Поддршка за именувањето на Седлоски пристигна и од Горан Пандев, негов поранешен соиграч од репрезентативните денови, а денес функционер во…
-

Македонец ќе биде дел од големиот спектакл помеѓу Реал и Манчестер Сити!
Реал Мадрид и Манчестер Сити утре ќе го одиграат дербито на колото во Лигата на шампионите, а на овој голем европски спектакл важна улога ќе има и еден Македонец. Филип Поповски, поранешниот генерален секретар на ФФМ и човек со богато искуство во фудбалските институции, е назначен за делегат на средбата меѓу двата европски гиганта. Судија…
-

(Фото) „Секој почеток има и свој крај“: Влатко Грозданоски ја напушти репрезентацијата на Македонија
По заминувањето на селекторот Благоја Милевски, репрезентацијата на Македонија ја напушти и Влатко Грозданоски. Преку своите објави на социјалните мрежи, поранешниот репрезентативец и асистент се збогуваше со националниот тим. „Секој почеток има и свој крај. Една убава 4,5 годишна приказна со А репрезентацијата на Македонија, за мене место кое имав можност и како фудбалер претходно…
-

Македонија во новата година добива нов дрес, но и нов главен спонзор! (Видео)
Фудбалската федерација на Македонија со кратко видео на социјалните мрежи го најави најновиот дрес на националниот тим, кој ќе биде изработен во соработка со нов технички партнер. По повеќегодишната соработка со „Јако“, од ФФМ потврдија дека преминуваат под брендот „Адидас“. „Наскоро, трите линии ќе ги носат нашите бои“, порачаа од Федерацијата преку најавата. Во видеото…
-

ФФМ ја соопшти казната за Шкендија Арачиново за скандалот во кој редар шутна фудбалер на Брегалница
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска ја соопшти санкцијата за Шкендија Арачиново, по инцидентот во кој член на редарската служба физички нападна фудбалер на Брегалница. Како резултат на тоа, клубот ќе биде без поддршка од својата публика на четири домашни натпревари – без разлика дали станува збор за Куп или првенствен дуел –…
-

Убав гест на ФФМ: Влезот за натпреварот со Летонија ќе биде – бесплатен!
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе одигра пријателски натпревар против Летонија, кој ќе послужи како последна проверка пред решавачкиот квалификациски дуел со Велс што е закажан за пет дена подоцна. Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека влезот на арената ќе биде бесплатен за сите навивачи. Првично, билетите се продаваа по цена од 200 и 300 денари,…