Tag: Премиер лига
-
Ливерпул го расплака Тотнем и го освои шампионскиот пехар во Англија
Англискиот фудбалски гигант Ливерпул на импресивен начин ја потврди својата доминација во Премиерлигата, совладувајќи го Тотнем со убедливи 5-1 во натпревар од 34. коло. Со оваа победа, „црвените“ четири кола пред крајот на сезоната и официјално ја обезбедија шампионската титула. Иако Тотнем успеа прв да се радува, откако Соланке ја затресе мрежата на Ливерпул уште…
-
Атлетико „распали“ по Реал: Доста го уништувате имиџот на шпанскиот фудбал
Реал Мадрид предизвика силни реакции и остри критики во шпанската спортска јавност, особено од медиумите и навивачите што традиционално не се наклонети кон најтрофејниот клуб во земјата. Остра осуда пристигна од речиси сите водечки спортски медиуми надвор од Мадрид, а и голем број шпански клубови изразија незадоволство од постапките на актуелниот шампион. Особено гласен беше…
-
Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл
Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа од 4-1 ја прекина позитивната низа на Њукасл. Натпреварот се одигра на „Вила Парк“, каде што домашните уште од самиот почеток покажаа дека се решени да дојдат до трите бода. Воткинс уште во првиот напад го отвори резултатот и донесе водство за…
-
Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион
Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига Европа, совладувајќи го Лион по неизвесен и полн со пресврти натпревар. Покрај возбудувањата на теренот, вниманието на медиумите го привлече и инцидентот со дефанзивецот Нусаир Мазрауи. Според информациите на британскиот „Би-Би-Си“, Мазрауи имал итна семејна ситуација за која бил информиран непосредно пред почетокот…
-
Не било до Онана: Њукасл го наполни голот на Манчестер јунајтед (Видео)
На гостувањето кај Њукасл, Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз со 4-1, и тоа без својот прв голман Андре Онана, кој беше изоставен од тимот поради серија на неодлучни и несигурни настапи во последно време. Шанса за настап доби Алтај Бајиндир, кој дебитираше во Премиер лигата, но не успеа да се прослави. Домаќините први го најдоа…
-
Ван Дајк го носи Ливерпул кон титулата, Челси киксна против Ипсвич (Видео)
Ливерпул успешно ја заврши својата задача во рамките на домашниот шампионат, откако на „Енфилд“ во драматичен натпревар го совлада тимот на Вест Хем со резултат 2-1. Домашните поведоа уште во првото полувреме преку Луис Диаз, кој прецизно реализираше по одличната асистенција од Мохамед Салах. Иако Салах не се најде меѓу стрелците на овој дуел, повторно…
-
ФА бара доживотна суспензија за Пакета поради инцидентот со жолти картони
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) во наредните три недели ќе го спроведе дисциплинскиот процес против фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, кој е обвинет за добивање жолти картони со цел да влијае врз обложувачките пазари. Според обвинението, бразилскиот играч намерно добил жолти картони на неколку натпревари, вклучувајќи ги дуелите против Лестер во ноември 2022 година,…
-
Манчестер сити со нова снимка од Родри ги воодушеви навивачите (Видео)
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити и актуелен освојувач на „Златната топка“, Родри, започна со индивидуални тренинзи во обид да се врати на теренот по долгата пауза поради повреда. Шпанскиот играч за врска ги скина лигаментите во септември, по што мораше да биде подложен на оперативен зафат. Рехабилитацијата поминува според очекувањата, а последниот напредок…
-
За првпат Шкотланѓанец ќе игра во ПМФ – вреди 700.000 евра!
Eкипата на Гостивар денеска го потврди најавениот трансфер на Шкотланѓанецот, Ли Ервинг. Станува збор за напаѓач кој според „Трансфермаркт“ има вредност од 700.000 евра, а во кариерата го носеше дресот и на Лидс. Ервинг има 30 години и во Гостивар очекуваат да биде големо засилување за вториот дел од сезоната во кој имаат големи амбиции.
-
Талент на Арсенал потпиша за Манчестер јунајтед
Англискиот клуб Манчестер јунајтед го договори значајното засилување за иднината, кое пристигнува од редовите на Арсенал. Станува збор за младиот фудбалер Ејден Хевен. Хевен ја направи преминот во Манчестер јунајтед и веќе се приклучи на првиот тим на „црвените ѓаволи“. Тренерот Рубен Аморим верува дека новото засилување ќе му донесе значителна помош во одбраната, иако…