Tag: масар омерагиќ
-
Омерагиќ ги пречека челните луѓе на Црвена Звезда во „Куќата на фудбалот“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска оствари работна средба со делегација од српскиот фудбалски гигант Црвена Звезда, во просториите на „Куќата на фудбалот“ во Скопје. Во состав на српската делегација беа генералниот директор на клубот, Звездан Терзиќ, и претседателот Светозар Мијаиловиќ, додека од македонска страна на состанокот присуствуваше и спортскиот директор…
-
Омерагиќ: Посебно нѐ радува поддршката од УЕФА и Чеферин
Во Сараево, Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ. Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и…
-
Претседателот на ФФМ присуствуваше на состанокот на фудбалски асоцијации, се сретна и со Чеферин
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ заедно со генералниот секретар, Дрилон Ганиу учествуваат на состанокот на фудбалските асоцијации од југоисточна Европа кој се оддржува во Сараево, БиХ. На регионалниот состанок, првите луѓе на асоцијациите имаат средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директорот на Национални асоцијации во европската организација, Зоран Лаковиќ.
-
Омерагиќ: Милевски ќе остане селектор на Македонија
Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, изјави дека не планира промени на селекторската позиција во националниот тим, освен ако резултатите во иднина не ги оправдаат очекувањата. Во јавноста постоеше неизвесност дали смената на врвот на ФФМ ќе резултира со промени во селекторската структура, но Омерагиќ категорично ја отфрли таа можност. За…
-
Омерагиќ е нов претседател на ФФМ, Пандев ќе биде спортски директор на националните селекции
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го доби новиот претседател. На вонредното Собрание на ФФМ, по приемот на оставката на Муамед Сејдини, делегатите едногласно го избраа Масар Омерагиќ за нов водич на македонскиот фудбал. По шест години лидерство на Муамед Сејдини, ФФМ преминува во нова фаза под раководство на Масар Омерагиќ, искусен фудбалски професионалец…
-
Масар Омерагиќ номиниран за нов претседател на ФФМ
Општинскиот фудбалски сојуз Свети Николе го предложи Масар Омерагиќ, поранешен фудбалер и екс-член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), како кандидат за претседател на федерацијата. На одржаното вонредно годишно собрание, делегатите на ОФС Свети Николе едногласно ја донесоа одлуката, со 16 гласови „за“, поддржувајќи ја неговата номинација. Ова следи по повлекувањето на…