Tag: Лина Ѓорческа
-

Штета: Ѓорческа го предаде полуфиналето во Порто
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот во Порто во полуфиналната фаза, откако поради повреда беше принудена да го предаде дуелот против Американката Кревли. Ѓорческа ден претходно прикажа одлична игра и ја елиминираше првата носителка на турнирот, Гркинката Папамихаил, но во денешното полуфинале не успеа да го доврши мечот. Македонската тенисерка…
-

Ѓорческа ја совлада и Шунк за пласман во четвртфинале во Порто
Лина Ѓорческа продолжува со одличните настапи на турнирот во Порто, откако обезбеди пласман меѓу најдобрите осум. Таа оствари победа во два сета против Германката Настасја Шунк, со резултат 6-2 и 7-6. Ѓорческа доминираше во воведниот сет, каде што наметна силно темпо и успеа да реализира три брејк-топки, што ѝ донесе убедлива предност и водство од…
-

Ѓорческа експресно ја елиминира првата противничка во Порто
Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Порто, откако во првото коло славеше сигурна победа против швајцарката Илина Ин-Албон со максимални 2-0 во сетови (6-2, 6-3). Ѓорческа од самиот почеток на мечот наметна висок ритам и агресивна игра, со што ја стави ривалката под постојан притисок. Македонската тенисерка двапати го одзеде сервисот на…
-

Ѓорческа скокна на ВТА листата – се врати во топ 200!
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари значаен напредок на најновата ВТА ранг-листа, каде што забележа скок од 12 позиции по првите настапи во новата 2026 година. Ѓорческа годината ја започна со настап во квалификациите за Австралија опен, каде што успешно мина едно коло, а потоа продолжи со настап на Челинџер турнирот во Порто. И таму…
-

Македонците во Мелбурн навиваа за Ѓорческа – ечеше „Македонија, Македонија“! (Видео)
Триумфот на Лина Ѓорческа во првото квалификациско коло на Австралија опен помина во знакот на силната поддршка од македонските навивачи, кои во Мелбурн создадоа амбиент каков што ретко се гледа на тениските терени. На теренот број 12 се вееше македонското знаме, а гласното скандирање „Македонија, Македонија“ беше постојана позадина на мечот во кој најдобрата македонска…
-

Ѓорческа ја декласира четвртата носителка и обезбеди второ коло на Австралијан опен
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-0 против Синја Краус на стартот на квалификациите на Австралијан опен. Четвртата носителка подобро го почна мечот и водеше против Ѓорческа со 3-2, но македонската тенисерка направи пресврт и го доби првиот сет со 7-5. Ѓорческа беше уште фантастична во вториот сет во…
-

Ѓорческа ја дозна првата противничка во квалификациите на Австралијан опен
Лина Ѓорческа, најуспешната македонска тенисерка, утре ќе го отвори својот настап на Австралијан опен во новата сезона, со амбиција да мине уште една квалификациска пречка и да се доближи до главниот турнир. Во воведниот меч ја очекува сериозен предизвик, бидејќи на спротивната страна од мрежата ќе застане четвртата носителка во квалификациите, 23-годишната Австријка Сиња Краус,…
-

Ѓорческа ќе игра квалификации за Австралијан опен
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа година ќе се обиде да направи исчекор на најголемата сцена, откако повторно обезбеди место во квалификациите за првиот гренслем во сезоната – Австралијан опен. Ѓорческа официјално се најде меѓу пријавените тенисерки за квалификацискиот турнир, а во наредните денови ќе биде познато и името на нејзината прва противничка на патот…
-

Нов скок: Ѓорческа на чекор од најдобрите 200 тенисерки во светот!
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа повторно се доближува до друштвото на најдобрите 200 тенисерки во светот. На најновата ВТА ранг-листа таа забележа напредок од 12 места и сега се наоѓа на 201. позиција. Иако минатата недела на турнирот во Роверето успеа да запише само една побед, против Италијанката Бранкачо и тој резултат сепак ѝ донесе значаен…
-

Голема победа за Ѓорческа: Во Турција славеше над некогаш најдобрата тенисерка во светот!
Лина Ѓорческа ја забележа една од најголемите победи во својата кариера, откако на отворањето на турнирот во Самсун (Турција) успеа да ја совлада поранешната светска број еден, Каролина Плишкова. Првата македонска рекетка одигра сигурно и борбено, особено во финишот на првиот сет кога со два последователни брејка и четири освоени гема по ред го отвори…