Tag: Елиф Елмас
-

Елмас се израмни со Пандев – ги крена сите пехари во Италија (Фото)
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас заедно со Наполи вчера го освои Суперкупот на Италија по победата од 2-0 против Болоња. Елмас со оваа победа ги комплетира сите пехари во Италија, односно ги крена трофеите во Серија А, Купот и Суперкупот на Италија, или поточно го повтори успехот на македонската легенда Горан Пандев.
-

Елмас во стартниот состав: Наполи тргнува по трофејот во Суперкупот на Италија
Наполи вечерва од 20:00 часот ќе ја има шансата да стигне до нов трофеј, откако ќе се соочи со Болоња во финалниот натпревар од Суперкупот на Италија. Во стартниот состав на актуелниот шампион ќе се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој доби доверба од тренерот Антонио Конте. Наполи има успешна историја во ова натпреварување,…
-

Елмас: Ќе направам сè што можам само Наполи да победува!
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 90 минути во пресметката со Јувентус, во која Наполи славеше со важни 2-1. Фудбалерот на Наполи истакна дека е подготвен да игра каде и да му биде побарано, само тимот да победува. „Се обидувам секогаш да го дадам максимумот. Во моментов е потребно да покријам подефанзивни обврски во средината и…
-

Елмас си поигра со противник и ги воодушеви сите во Наполи: Чиста класа! (Видео)
Наполи во вторникот ја запиша планираната победа во Лигата на шампионите против Карабах со 2-0, а македонскиот ас Елиф Елмас доби шанса во завршницата, играјќи околу петнаесет минути. Елмас влезе во игра во 74. минута наместо Ноа Ланг, а иако кратко беше на теренот, успеа да се истакне со атрактивен потег кој сега клубот го…
-

(Видео) Елмас доби специјален дрес за настапот број 200 за Наполи
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби специјален дрес со бројката 200 по неговиот 200. настап за италијанскиот шампион Наполи. Наполи објави видео од Елмас и неговиот дрес на социјалните мрежи и напиша „Дијамант од 200 карати“. View this post on Instagram A post shared by SSC Napoli (@officialsscnapoli)
-

Eлмас: За Наполи ќе играм било каде!
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас откри детали за својата моментална улога во редовите на Наполи, нагласувајќи дека секогаш е подготвен да одговори на барањата на тренерот Антонио Конте, без оглед на тоа на која позиција ќе биде поставен. Елмас истакна дека најмногу ужива кога настапува како плејмејкер, но тоа, како што вели, не го спречува да…
-

Елмас утре може да заигра на позиција на која никогаш претходно не играл – во одбраната!
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да се најде во стартниот состав на Наполи на утрешниот дуел со Спортинг во Лигата на шампионите, но во необична улога – како десен бек. Причина за тоа се бројните проблеми со повреди во одбранбената линија на „наполитанците“. Конте пред клучниот натпревар остана без Бонџорно и Рахмани, кои се…
-

Најави ли Наполи дека Елмас ќе биде вечерва стартер во дербито од ЛШ? (Фото)
Вечерва во Лигата на шампионите својот натпревар ќе го игра и Наполи кој ќе се соочи со Манчестер Сити. Овој натпревар кога ќе се погледнат останатите дуели може да се каже и дека е дербито на денот. За нас е интересно тоа што Наполи на социјалните мрежи натпреварот го најави токму со фотографија со Елмас.…
-

УЕФА му се поклони на Елмас за соло-магијата против Лихтенштајн (Видео)
На официјалниот профил на УЕФА беше објавена магијата на Елиф Елмас во мечот против Лихтенштајн, кога си поигра со неколку ривали како со мали деца и постигна гол. Елмас имаше неверојатен пробив по левата страна на теренот, каде што успешно издрибла неколку фудбалери, а во продолжение погледнете ја неговата мајсторија. Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија
-

Повторно е среќен: Елмас ја започна втората епизода во Наполи!
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по завршувањето на настапите со националниот тим се врати во Италија и повторно е дел од Наполи. Играчот веќе тренира со соиграчите и му е на располагање на новиот тренер Антонио Конте, подготвен за ново деби во дресот на „партенопеите“. Италијанските медиуми пренесуваат дека Елмас изгледа расположено и со нетрпение го…