Tag: Винисиус Жуниор
-

Шоу на „Бернабеу“: Винисиус танцуваше на корнер-знамето (Видео)
Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, повторно беше во центарот на вниманието откако постигна гол во реваншот против Бенфика. По погодокот, Бразилецот тргна кон корнер-знамето и започна со својот препознатлив танц, предизвикувајќи еуфорија меѓу домашните навивачи. Неговата прослава уште еднаш покажа колку ужива во големите натпревари и во сцената на највисоко ниво.
-

Драма во Лисабон: Винисиус даде гол, па одби да игра зашто бил навреден од противник (Видео)
Винисиус Жуниор постигна гол против Бенфика, по што одби да го продолжи натпреварот затоа што еден од ривалите го навредил. Бразилецот веднаш му се пожали на судијата дека Престиани го нарекол „мајмун“, поради што предизвика тензии на теренот. Vinicius acusa a Prestianni de decirle "mono". No hay pruebas, porque justo el argentino se levanta la…
-

Винисиус „распали“ по судиите по мечот против Алавес (Видео)
Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на вниманието по контроверзниот момент на натпреварот против Алавес, откако јавно го обвини судијата дека намерно не досудил чист пенал во корист на Реал Мадрид. Бразилскиот ас по завршувањето на натпреварот не го криеше незадоволството и со остар тон истакна дека прекршокот над него бил очигледен. „Пеналот беше…
-

Винисиус и Мбапе биле провоцирани од навивачи со – мајмунски крици
На стадионот во Овиедо беше забележан нов скандал со расистички навреди во шпанскиот фудбал, откако ѕвездите Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор станаа мета на навивачи од трибините. Како што пренесува „Диарио АС“, двајца гледачи упатувале мајмунски звуци кон францускиот и бразилскиот репрезентативец за време на натпреварот, што предизвика згрозување и остри реакции во спортската јавност.…
-

Винисиус ги провоцираше навивачите, Мбапе мораше да реагира (Видео)
По релативно мирната мината сезона, кога изгледаше дека успеа да го контролира својот темперамент и да избегнува конфликти со противници и публика, Винисиус Жуниор на стартот на новата сезона повторно се најде во центарот на внимание поради неговото однесување. Иако не беше дел од почетната постава на гостувањето против Овиедо, Бразилецот веднаш влезе во вербални…
-

„Винисиус и Мбапе не можат да функционираат заедно во Реал Мадрид“
Поранешниот стратег на Реал Мадрид, Фабио Капело, не е особено импресиониран од настапите на Килијан Мбапе во неговата прва сезона во „кралскиот“ клуб. Иако Французинот пристигна во Мадрид ова лето со големи очекувања, италијанскиот тренер смета дека неговата интеграција во тимот не оди според планот. Главниот проблем, според Капело, е тоа што Мбапе и Винисиус…
-

Анкета во Реал Мадрид: 58 отсто од навивачите сакаат да замине Винисиус
Еден од највлијателните шпански спортски весници „АС“, спроведе анкета откако во јавноста се појавија информации дека Винисиус Жуниор веќе започнал преговори за евентуален трансфер во Саудиска Арабија. Според најавите, интересот од богатите клубови од Блискиот Исток е сериозен, а финансиската понуда која кружи во медиумите е навистина огромна. Весникот им се обрати на навивачите на…
-

Клубови од С. Арабија му нудат богатство на Реал Мадрид за две ѕвезди
Клубовите од Саудиска Арабија повторно го насочуваат својот фокус кон фудбалските ѕвезди, а најновата цел им се двајца од најважните играчи на Реал Мадрид – Родриго и Винисиус Жуниор. Според медиумските извори, амбициозниот Ал Хилал подготвува рекордна понуда за бразилскиот офанзивец Родриго, која наводно би надминала 300 милиони евра, што би претставувало нов преседан во…
-

Анчелоти откри дали би прифатил понуда од 350 милиони евра за Винисиус
Винисиус Жуниор деновиве е во центарот на вниманието поради шпекулациите за огромна понуда од Саудиска Арабија во износ од 350 милиони евра, која наводно би требало да пристигне за неговиот потпис. Според информациите објавени од „Релево“, оваа понуда се очекува да биде испратена до Реал Мадрид следното лето. Сепак, мадридскиот гигант нема намера да ја…
-

Винисиус избран за најдобар фудбалер во светот!
Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор беше разочаран откако ја загуби трката за „Златната топка“ во избор на „Франс Фудбал“, но затоа беше избран за најдобар фудбалер во светот од страна на шпанскиот медиум „Марка“. Во избор од 122 новинари ширум светот, Винисиус го освои првото место, додека зад него заврши тимскиот колега Џуд Белингам, а во…