Tag: Вардар
-

Давор Талески е нов голман на Вардар
официјално стана дел од најтрофејниот фудбалски клуб во земјата – Вардар. Денеска беше потпишан договорот, кој го потврдува неговиот трансфер како значително засилување за „црвено-црните“ во остатокот од сезоната. Талески е еден од најискусните голмани во македонскиот фудбал, со досегашни 165 настапи во Првата лига, од кои на 57 натпревари успеал да ја зачува својата…
-

Екс-вардарецот Чупиќ стана тренер
Поранешниот ракометар на Вардар и легенда на хрватскиот ракомет, Иван Чупиќ, го започнува своето ново поглавје како тренер. Со својата богата кариера и искуство на теренот, тој го презема управувањето со РК Метковиќ, клуб од неговиот роден град. Чупиќ се соочува со предизвикот да го задржи Метковиќ во елитниот ранг на хрватскиот ракомет, откако тимот…
-

Вардар се засили со нов напаѓач – Едиз Спахиу!
Едиз Спахиу e 23-годишниот напаѓач, кој се приклучува од редовите на екипата на Тиквеш, имаше солидна полусезона во која забележа четири погодоци на 18 одиграни натпревари. Минатата сезона беше крунисана со успех, кога со екипата на Тиквеш го освои Купот на Македонија. Во својата кариера во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Спахиу се истакна со…
-

Вардар по шест месеци го „избрка“ Кореецот Ким
По серијата засилувања кои Вардар ги реализира во изминатите денови, клубот започна со реорганизација на тимот, ослободувајќи се од фудбалерите кои не се во плановите на стручниот штаб за вториот дел од сезоната. Еден од тие играчи е корејскиот интернационалец Сеук Гјун Ким, кој по само една полусезона ја напушта Македонија. Денеска, клубот официјално објави…
-

Нов потпис во Вардар: Еспиња потпиша двегодишен договор
Денеска, по официјалната објава за потпишувањето на договор со украинскиот ракометар Хориха, РК Вардар ја потврди и одлуката за продолжување на соработката со својот голман, Португалецот Мигел Еспиња Фереира. Еспиња, искусен 30-годишен чувар на мрежата, ја потврди својата верност кон „црвено-црните“ со нов договор кој ќе го задржи во клубот уште најмалку две сезони. Иако…
-

Успешна акција на шампионот: Пелистер ги донираше плишаните играчки (Фото)
За време на полувремето од големото дерби меѓу Пелистер и Вардар, битолската публика уште еднаш ја покажа својата хуманост и солидарност. Паркетот во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше преполн со плишани играчки, кои љубителите на ракометот ги фрлаа кон теренот како дел од хуманитарна акција. Овие плишани мечиња, собрани во духот на заедничката поддршка, ќе…
-

Поединци на обезбедувањето во Битола ги нападнале „Комити“ (Видео)
Навивачката група „Комити“ упати сериозни обвинувања кон Ракометниот клуб Пелистер и Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, тврдејќи дека нивни членови биле физички нападнати пред и за време на вчерашното дерби од македонското ракометно првенство. На натпреварот, кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, гостуваше тимот на Вардар, а стотина приврзаници на „црвено-црните“…
-

Вардар доцна се разбуди, Пелистер го доби вечното дерби
Актуелниот македонски шампион, Пелистер, го однесе триумфот во вечното дерби против Вардар, победувајќи со 35-33 во рамките на 15. коло од Суперлигата. Натпреварот, одигран пред полни трибини, донесе драма и високо темпо на игра на двете екипи. Битолчани целосно го презедоа контролата во втората половина од првото полувреме, казнувајќи ја слабата одбрана на Вардар. До…
-

Дербито Пелистер – Вардар за најдобрите македонски судии
Викендов на програмата во македонската спортска јавност ќе се игра дербито помеѓу Пелистер и Вардар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Од редовите на битолскиот клуб информираа дека билетите за ова дерби биле распродадени за само седум минути, а познати се и судиите. Имено, натпреварот ќе го судат двајцата најдобри македонски судии Ѓорѓи Начевски и…
-

Вардар го чека пекол во Битола – билетите за дербито распродадени за седум минути!
Викендов во ракометната Суперлига на Македонија се игра големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар кое секогаш предизвикува огромен интерес кај публиката. Од битолскиот клуб на социјалните мрежи денеска објавија дека билетите за натпреварот се распродале за само седум минути. Тоа значи дека како и при секое гостување и сега атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ и…