Category: Handball
-

Официјално: Манасков го има голот на сезоната во ЛШ!
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во сезоната 2025/26 од Лигата на шампионите, а признанието заврши во рацете на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. На врвот на листата се најде спектакуларната акција на битолчани од натпреварот против Барселона во групната фаза. Во самиот финиш од средбата, голманот Никола Митревски испрати прецизна долга топка, која…
-

Македонска ракометарка потпиша за францускиот прволигаш Париз!
Македонската ракометарка Марија Јанкуловска од следната сезона ќе ја продолжи кариерата во Франција, каде ќе настапува за прволигашот Париз 92. Таа во францускиот клуб доаѓа од редовите на Ѓорче Петров, а овој трансфер претставува нејзин прв интернационален ангажман. Дваесетгодишната ракометарка својата кариера ја започна во Пелистер, а настапуваше и за Металург. Со тимот на Ѓорче…
-

Погледнете го видеото со кое Вардар го најави големото враќање во Лигата на шампионите (Видео)
По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Македонскиот шампион доби вајлд-карта од ЕХФ и следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите. Веста за враќањето меѓу најдобрите европски клубови „црвено-црните“ ја споделија на креативен начин преку своите социјални мрежи. Во центарот на видеото е пикерот Милан Лазаревски – Мечка, кој…
-

Официјално: Вардар повторно ќе игра Лига на шампиони!
Ракометниот клуб Вардар и официјално ќе биде дел од новата сезона во Лигата на шампионите, откако Европската ракометна федерација денеска ја потврди доделената вајлд-карта за македонскиот шампион. Информациите дека „црвено-црните“ ќе добијат специјална покана за настап во најелитното европско клупско натпреварување се појавија уште претходно во медиумите, а сега добија и официјална потврда од европската…
-

Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер
Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор со битолскиот клуб за продолжување на соработката за уште една година. Во изминатиот период се појавија бројни информации за можен трансфер на капитенот, а интерес за неговите услуги покажаа српскиот Партизан и неколку екипи од Германија. Сепак, Кузмановски одлучи да ја…
-

Вардар ќе добие „вајлд-карта“ за ЛШ!?
Вардар е на чекор до враќање во елитното европско натпреварување, откако според информациите на „Балкан-Хендбол“ ќе добие специјална покана за настап во Лигата на шампиони следната сезона. Покрај скопскиот клуб, меѓу екипите кои треба да добијат „вајлд-карта“ се и Партизан и Целје, со што сите три тима би обезбедиле место во најсилното клупско ракометно натпреварување…
-

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!
Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја избра нашата земја за домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години во 2028 година. Одлуката беше донесена на денешната седница на Извршниот комитет на ЕХФ, каде што беа разгледани и потврдени домаќинствата на неколку идни младински…
-

Ива Младеновска ќе игра за еден од најголемите германски клубови!
Македонската репрезентативка Ива Младеновска ќе ја продолжи кариерата во редовите на Борусија Дортмунд, откако германскиот клуб денеска официјално го потврди нејзиниот ангажман. Младеновска во Дортмунд пристигнува од францускиот Безансон, каде што настапуваше во изминатиот период и стекна значајно меѓународно искуство. Од германскиот клуб не го криеја задоволството од новото засилување, истакнувајќи дека станува збор за…
-

Познати противниците на Македонија на СП 2027
Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2027, по денешната ждрепка што се одржа во Минхен. Нашиот национален тим, кој беше сместен во вториот шешир, ќе настапи во групата Х, каде што ќе се соочи со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Групната фаза ќе ја играме во германскиот град Магдебург. Светското првенство…
-

Пелистер потпиша со млад хрватски репрезентативец!
Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот за иднината, откако ги обезбеди услугите на младиот хрватски ракометар Диего Басанесе. Станува збор за 18-годишен десен бек и член на младинските селекции на Хрватска, кој во Битола пристигнува од редовите на Умаг. Басанесе важи за еден од перспективните хрватски таленти, а зад себе веќе има…