Category: Handball
-

ЕХФ ги избриша Начевски и Николов од ЕП 2026
Европската ракометна федерација (ЕХФ) покрена постапка против двајцата судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски поради сомнежи за манипулација со видео-снимки доставени пред почетокот на ЕХФ ЕУРО. „Процедурата е дел од стандардниот процес со кој ЕХФ ја проверува физичката подготвеност на судиите и нивната усогласеност со строгите перформансни критериуми на турнирот. Во рамки на тој процес,…
-

Македонија подобра од Швајцарија
Денеска во својот втор натпревар од „Жолтиот куп“ во Винтертур, Швајцарија, најдобрите македонски ракометари триумфираа над Украина со 31:26. Иако на полувремето водеа Украинците со 17:13, избраниците на селекторот Кирил Лазаров направија целосен пресврт во вториот дел и дојдоа до втората победа на турнирот. Потсетување, нашата селекција стартуваше победнички на турнирот во швајцарскиот град над…
-

Украина немаше сила за изненадување, Македонија до втора победа на „Жолтиот куп“
Македонската ракометна репрезентација вечерва ја запиша втората победа на „Жолтиот куп“, откако славеше над Украина со убедливи 31-26. Македонија не го отвори најдобро натпреварот, а Украина успеа да замине на пауза со предност од 17-13. Сепак, избраниците на селекторот Кире Лазаров одиграа далеку подобро второ полувреме. „Црвено-жолтите“ брзо го свртеа резултатот, поведоа со 19-18 и…
-

Лазаров уште најмалку три години ќе ја води Македонија!
Ракометната федерација на Македонија ја извести јавноста дека продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со цел да се обезбеди континуитет и развој на македонскиот ракомет. Претседателот на федерацијата, Александар Стефанов, истакна дека договорот е потпишан до 2029 година и дека стабилноста е клучна за напредокот на националниот тим. „Официјално ја продолживме…
-

Лазаров ги избра ракометарите: Ова е списокот со патници за ЕП
Македонската ракометна репрезентација ќе настапи на Европското првенство (ЕП) кое е закажано за месецов, а селекторот Кире Лазаров го соопшти списокот со ракометари. Лазаров избра 19 ракометари кои ќе учествуваат на ЕП и ќе ги бранат боите на Македонија. Конечен список на Македонија за ЕП:Иван ГалевскиПетар АтанасијевиќНикола КостескиФилип КузмановскиИгор ЃорѓиевЖарко ПешевскиМихаил АларовМартин ВелковскиСамоил РистевскиНикола МитревскиМартин…
-

Премија од два милиони денари за ракометарите за секој триумф на ЕП
Ракометната федерација на Македонија соопшти дека, заедно со Министерството за спорт, е обезбеден финансиски стимул за настапот на Европското првенство, при што секој триумф ќе биде награден со два милиони денари, а обезбедувањето место во наредната фаза носи уште дополнителни два милиони. „Ракометна Федерација на Македонија е со нашите ракометари пред новиот европски предизвик –…
-

Toмовски: Секој натпревар на ЕП ќе биде посебен, нашата цел е да го дадеме максимумот!
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, кој како последен интернационалец се стави на располагање на стручниот штаб и ги стартуваше подготовките за Европското првенство 2026, смета дека пријателските средби и подготвителниот турнир се од исклучително значење во финалната фаза од подготовките. Томовски, кој брани во втората германска Бундеслига и е меѓу најконстантните во редовите на Битигхајм,…
-

Ремек-делото на Манасков против Барселона е гол на годината во ЛШ (Видео)
Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално го избра најатрактивниот погодок во 2025 година во рамки на Лигата на шампионите, а признанието заврши кај македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. Голот на Манасков против Барселона во Битола беше избран за најдобар во елитното натпреварување.
-

Калид повеќе не е ракометар на Пелистер!
Македонскиот шампион Пелистер и Мохамед Калид Валид спогодбено ја прекинаа соработката пред истекот на договорот, соопштија од битолскиот клуб. Решението било донесено по заедничка согласност, а целата постапка поминала брзо и без дополнителни обврски меѓу двете страни. Египетскиот интернационалец во зелено-белиот дрес го освои Суперкупот на Македонија, а зад себе остави солиден впечаток и со…
-

Лазаров: Нема да биде лесно, очекувањата од нас секогаш се големи
Македонија загуби на пријателскиот меч против Хрватска (23-26) во Пореч пред почетокот на Европското првенство (ЕП) во ракомет кое се игра во јануари идната година. Селекторот Кире Лазаров кажа дека одредени проблеми на теренот скапо го чинеле македонскиот тим. „Имавме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин,…