Category: Handball
-

Томовски по заминувањето од Потсдам се враќа во Македонија?
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски би можел повторно да настапува на домашната сцена, откако заврши успешна сезона во редовите на германски Потсдам. Наводно, Томовски може да се пресели во актуелниот шампион, екипата на Еурофарм Пелистер каде што би формирал голмански тандем со искусниот Никола Митревски. Причина повеќе за ваквиот развој е замиинувањето на хрватскиот интернационалец…
-

Трет пораз за Македонија на Светското првенство во Полска
Младата ракометна репрезентација на Македонија го запиша и третиот пораз на Светското првенство што се одржува во Полска, откако денеска загуби од селекцијата на Исланд со 34-28. Исланѓаните од самиот почеток наметнаа темпо и ја презедоа контролата врз играта, создавајќи предност од два до три гола која успешно ја одржуваа во поголемиот дел од првото…
-

Првото коло од новата сезона во ракометната сезона носи дерби!
Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска беше извлечена ждрепката која ги определи редните броеви на екипите за новата сезона во Суперлигата, а со тоа автоматски се добија и двојките за првото коло. Актуелниот првак Еурофарм Пелистер ќе ја започне одбраната на титулата со гостување кај Бутел, додека Вардар на стартот ќе се сретне…
-

Mиленикот на „Комити“ се врати во Скопје: Ќе го вратиме Вардар на врвот!
Екипата на Вардар денеска го промовираше Иван Чупиќ кој пристигнува како наследник на Гиљермо Милано. Чупиќ со Вардар како ракометар освои две титули во ракометната Лига на шампиони, а сега како главна цел ја истакна враќањето на домашната титула. Ќе потсетием, екипата на Еурофарм Пелистер во изминаттите три години го освојуваше тронот. „Кога се појави…
-

Втор пораз за младите ракометари: Испуштивме пет гола предност и ги загубивме шансите за втора фаза!
Македонската ракометна репрезентација до 21 година го запиша и вториот пораз на Светското првенство во Полска, откако загуби од Романија со минимални 28-27, иако на полувреме имаше убедлива предност од пет голови. Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа натпревар со две различни лица – првото полувреме беше слика на дисциплина, инспирација и тимска игра, но вториот…
-

Нов потпис во Вардар: Останува еден од најважните!
Екипата на Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката. Моќниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања. Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација…
-

Македонија ќе се кандидира за организатор на ракометно Европско првенство!
Македонија повторно би можела да биде дел од голема ракометна приказна. Како што најави претседателот на Ракометниот сојуз на Словенија, Бор Рожман, на денешната панел-дискусија во Љубљана, постои реална можност нашата земја да биде ко-организатор на Европското првенство во ракомет за мажи во 2034 година. Идејата е да се подготви заедничка кандидатура со Србија и…
-

Македонија со пораз од Фарски Острови го започна младинското СП, еден ракометар ни даде 15 гола
Македонската младинска ракометна репрезентација не успеа со победа да го отвори настапот на Светското првенство што се одржува во Полска. Нашите млади ракометари загубија од силната селекција на Фарски Острови со 29-33, иако во добар дел од натпреварот беа рамноправен противник. Избраниците на селекторот добро го отворија мечот и во првото полувреме парираа на агресивната…
-

Големо засилување за Вардар: Хрватска легенда стана дел од стручниот штаб на „црвено-црните“!
Ракометниот клуб Вардар добива сериозно засилување во стручниот штаб за следната сезона. Легендарниот хрватски голман Марио Келентриќ ќе биде новиот тренер на голманите на сениорскиот тим, носејќи богато искуство и енергија. Келентриќ, кој беше дел од златната генерација на Хрватска што ја освои светската круна во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри…
-

АЕК по скандалот кој го направи со Алкалоид нема да игра во Охрид
Од редовите на Охрид кој е организатор на Интернационалниот турнир „Крсте Андоновски“ соопштија дека екипата на АЕК која беше редовен учесник оваа година нема да учествува. Организаторот не наведе, но сигурно дека причината е скандалот кој грчкиот тим го направи во реваншот со Алкалоид кога не се појави на теренот во Автокоманда, па натпреварот беше…