Author: DC

  • Исаксен: Со месеци размислував за Македонија, но сега сум среќен!

    Исаксен: Со месеци размислував за Македонија, но сега сум среќен!

    Данска славеше со 4-0 против Македонија на „Паркен“ во Копенхаген, а два гола ни постигна Густав Исаксен. Исаксен открива дека со месеци размислувал за натпреварот против Македонија, но сега е среќен, иако ги чека уште работа. „Ова беа нервозни месеци, секоја вечер размислував за натпреварот со Македонија. Сепак, работата не е завршена“, кажа Исаксен.

  • Елмас: Ова не ни се случува првпат, тешко е сега да се кажуваат приказни

    Елмас: Ова не ни се случува првпат, тешко е сега да се кажуваат приказни

    Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не го криеше разочарувањето по убедливиот пораз од Данска, истакнувајќи дека ваквите лоши изданија не се изолиран случај и сериозно треба да загрижат. Македонската репрезентација отпатува со оптимизам и самодоверба во Копенхаген, но прими четири голови на „Паркен“. „Ова не е првпат да ни се случува ваква ситуација, во моментов е…

  • Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

    Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

    Селекторот Гоце Седлоски го анализираше натпреварот против Данска кој го загуби Македонија со 0-4. Седлоски кажа дека се случило тоа од што најмногу се плашел, односно Македонија примила голови од најопасните позиции на Данска. „Ова е тежок пораз кој боли. Данска постигнуваше голови од крилните позиции. Имавме проблем со нивните бекови“, кажа Седлоски.

  • Згасна сонот за пласман на СП: Данска беше пресилна за Македонија (ВИДЕО)

    Згасна сонот за пласман на СП: Данска беше пресилна за Македонија (ВИДЕО)

    Македонската фудбалска репрезентација загуби со 0-4 во полуфиналниот бараж против Данска во Копенхаген. По првото полувреме во кое немаше голови, Македонија се распадна за само 14 минути во вториот дел, односно Данска постигна три гола преку Дамсгард и Исаксен. Победата на Данска ја потврди Норгард, откако го спречи неговиот колега да постигне директен гол од…

  • Колумбиецот Херера со силна емоција и од срце ја пееше македонската химна (Видео)

    Колумбиецот Херера со силна емоција и од срце ја пееше македонската химна (Видео)

    Колумбиецот Себастијан Херера го забележа својот прв настап за македонската репрезентација на вечерашниот меч во Данска, а уште пред првиот свиреж покажа колку му значи овој момент. Со силна емоција и од срце ја пееше македонската химна.

  • Македонија ќе се бори со Грција и Шведска за пласман на ЕП 2028

    Македонија ќе се бори со Грција и Шведска за пласман на ЕП 2028

    Македонската ракометна репрезентација ги дозна своите противници во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028, по денешната ждрепка што се одржа во Лисабон. Нашите ракометари ќе играат во групата 8, каде за место на континенталниот собир ќе се натпреваруваат против селекциите на Луксембург, Грција и Шведска. Европското првенство во 2028 година ќе се одржи во…

  • Седлоски ги избра фудбалерите со кои ќе ја нападне Данска (ФОТО)

    Седлоски ги избра фудбалерите со кои ќе ја нападне Данска (ФОТО)

    Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот го игра полуфиналниот бараж против Данска во Копенхаген, а селекторот Гоце Седлоски ги избра фудбалерите со кои ќе излезе на теренот. Натпреварот се игра од 20.45 часот на „Паркен“ во Копенхаген, а победникот од овој дуел ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Чешка и Ирска.

  • Ангеловски им даде поддршка на македонските фудбалери пред мечот со Данска (ФОТО)

    Ангеловски им даде поддршка на македонските фудбалери пред мечот со Данска (ФОТО)

    Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски испрати поддршка до репрезентативците пред дуелот против Данска во Копенхаген. Ангеловски преку социјалните мрежи објави фотографија со која им посака среќа на репрезентативците во полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот.

  • Четворица фудбалери на Македонија отпаднаа од дуелот со Данска

    Четворица фудбалери на Македонија отпаднаа од дуелот со Данска

    Македонија вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Данска во Копенхаген, а селекторот Гоце Седлоски ги избра фудбалерите кои ќе бидат во конкуренција за настап. Во составот за Данска ќе бидат 23 фудбалери, односно веќе отпаднаа Решат Рамадани, Имран Фетаи, Лука Станковски и Тихомир Костадинов. Натпреварот се игра вечерва од 20.45 часот на стадионот…

  • Барселона „фрли око“ на дефанзивец на Интер

    Барселона „фрли око“ на дефанзивец на Интер

    Барселона сериозно размислува за засилување на одбраната во летниот преоден рок, а на врвот на нивната листа на желби се наоѓа Алесандро Бастони. Според последните информации, каталонскиот гигант веќе подолг период го следи италијанскиот стопер, кој е свесен за конкретниот интерес од страна на клубот. Сепак, трансферот воопшто нема да биде лесен. Интер не планира…