Феенорд го елиминира Милан од Лигата на шампиони откако одигра 1:1 на Сан Сиро после минималната победа во Ротердам.
Мечот започна одлично за „росонерите“ кои поведоа уште во првата минута со голот на Гименез. Милан доминираше имаше одлични шанси ја погоди и стативата па беше блиску до следната фаза.
На крајот на првиот дел Тео Хернандес доби жолт картон, а во 54-та минута поради симулација заработи втор жолт и го остави тимот на цедило.
Милан не издржа со играч помалку, Феенорд ја искористи ситуацијата и постигна гол за 1:1 што беше доволно за осминафинале.
Leave a Reply