Надежите до 18 години поразени од БиХ на првата контролка

Репрезентацијата на Македонија до 18 години денеска претрпе пораз од селекцијата на БиХ во Скопје на првиот од двата подготвителни натпревари кои ќе се одиграа на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Сите четири гола на денешниот натпревар беа постигнати во вториот дел. Прво Рамииќ и Кадриќ донесоа водство за БиХ од 2:0, па за Македонија погоди Ненад Дамјаноски, за потоа конечните 3:1 да ги постави Боговиќ.

Македонија во натпреварот настапи со: Трајковски, Рочи, Џангаровски, Кесиќ, Мустафи, Дамјаноски, Ангелевски, Хоџа, Грашески, Бранковски и Буцевски. 

За два дена е закажан вториот натпревар.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *