Брестовац го засили Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер го продолжи процесот на доведување млади ракометари. Давид Брестовац е нов член на битолскиот клуб и се обрвза на две ипол годишен догово

. Се работи за 20-годишен голман, кој доаѓа од ракометно семејство, и веќе има меѓународно искуство. Бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург, Брестовац стекна драгоцени минути во нозете. Тој се наметна и носејќи го дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања.

Давид Брестовац веднаш ќе се приклучи на екипата и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Неговото претставување е предвидено деновиве, по пристигнувањето во Битола.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *