Шпанскиот шампион Реал Мадрид размислува за можноста да го напушти домашното првенство и да се натпреварува во лига на друга земја, незадоволен од арбитражата оваа сезона.
Оваа сензационална информација ја пласираше каталонскиот весник „Спорт“. Сепак, познато е дека односите меѓу Реал Мадрид и раководството на Ла Лига се затегнати, а последните судиски одлуки само го продлабочија овој конфликт.
Според истиот извор, клубот од Мадрид би можел да размислува за преселба во италијанската Серија А или француската Лига 1, но процесот на премин во друго национално првенство е сложен, дури и кога станува збор за еден од најпознатите и највлијателни клубови во светот.
Leave a Reply