Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.
Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, а фаворит за потписот е Интер.
„Нероаѕурите“ се во напредна фаза од преговорите и Дејвид наскоро ќе стави потпис на договорот.
Leave a Reply